Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 март 2017
Од петокот, по прекинот на штрајкот на железничарите, привремено нема да сообраќаат возовите бр. 543 на релација Скопје- Битола кој од Скопје поаѓа во 17.10 и бр. 540 на релација Битола - Скопје кој од Битола според возниот ред тргнува во 05.25, соопшти МЖ Транспорт. Од Велес за Битола тој тргнуваше во 17,52 а од Велес за Скопје во 7.26ч.
Според МЖ Транспорт, временото укинување на возовите е поради тоа што по повеќедневниот прекин на железничкиот сообраќај, за вклучување на сите капацитети на возниот парк, од техничко- технолошки причини е потребен одреден временски период.
Од Божик времено се укинати и ноќните возови од Скопје за Битола и обратно, кои од Скопје тргнуваше во 1.35 а до Битола во 21.00 ч. Од Велес за Скопје возеше во 23.07 додека од Велес за Битола во 2.15 ч.
Tweet |