Петар Печков
Објавено: четврток, 05 септември 2019
Во рамките на реномираниот театарски фестивал, со регионално значење,, Млад отворен театар,, МОТ во Велес ќе биде прикажана една претстава, која е во рамките на програмата на оваа престижна манифестација.
Ќе се одигра ,,Злосторство на 21 век,, од англискиот писател Едвард Бонд а во режија на Владимир Милчин. Терминот за одигрување е 19-ти септември со почеток во 20 ч.
Во претставата играат: Маја Љутков, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски и Талија Настова. Сценографијата е на Крсте Џидров, костимографијата ана Марија Пупучевска, музиката на Марјан Нечак.
,,Злосторство на 21 век,, ја имаше премиерата на сцената на велешки театар на 16 мај се одигра и на 18-ти.
Tweet |