речник контакт

МПЦ - време е за простување и покајание

Македонскиот народ и верниците, како ретко кога се скарани и разединети, затоа е време за помирување, побара од Велес поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан

Петар Печков

Време е за покајание и простување, бидејќи македонскиот народ е премногу разединет и скаран побара МПЦ. Во времето на пред Велигденските пости, поглаварот г.г. Стефан го повика македонскиот народ и верниците на заедништво и помирување, бидејќи како ретко кога постоела поделба и неслога. Нередите на скопското Кале, според  МПЦ не се резултат на меѓу религиска нетрпеливост и дека иницијаторот за инцидентот треба да се бара на друго место.

Се наоѓаме во подготвителните недели пред Велигденскиот пост, кој   ја нагласува потребата од покајание и поправање на секој од нас. Затоа е пригода  на овој ден, овде во  Велес, црквата да се обрати и  да го  повика на помирување на нашиот народ. Се понагласена е поделбата на нашиот македонски православен народ и затоа Светата црква повикува дека е потребно единство како христијански народ и како граѓани, да си простиме и покаеме еден за друг, бидејќи живееме во време со исклучителни искушенија. Немам аргументи кој стои зад настанот на Калето и не можам  некого конкретно да осудувам. Мислам дека лидерите на православната и исламската заедница не се инволвирани, не бегам од средба и разговори на оваа тема, но младите ги поттикнува некој надвор од верските заедници, што не е добро за никого во земјава – изјави г.г. Стефан Архиепископ на МПЦ ОА при преосветувањето на црквата Св. Богородица во Велес, на кое присуствуваа и дел до владиците на Светиот Синод.

Тој потсети дека храмовите, биле најцврстиот бедем и потпора за нашиот народ, за сите освојувачи кога сакале да го покорат и освојат, при што ги уривале храмовите, црквите и манастирите. Во овој дел тој ги вклучи и Лешочкиот манастир,  црквата во Матејче и последното  уништување на реконструираната црква за музеј на Кале.  Поглаварот Стефан смета дека пропагандите на соседните народи, токму преку црквите сакаат да ги реализираат нивните големо државни и обнародувачки мисии во Македонија, што се случувало и денес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »