Петар Печков
Објавено: недела, 02 јуни 2024
Се одигра и последното коло од разгирувањето за плеј аут во Првата лига. Во Велес во салата „Блаже Конески“ МРК Борец некогашниот првак на Македонија и освојувач на Купот, одигра нерешно со екипата на РК Преспа 37:37, (15:20) кој е претпоследен но со 13 бода, четири победи. Гостите имаа предност и од шест гола 10:16 и 20:25 во 40`, но на крајот се спасуваа од пораз.
Иако МРК водеше со гол предност пред половина минута до крај и имаа напад и шут за победа, не успеаја да стигната до гоела радост, но и овој бод за овие млади ракометари е голем успех.
Тоа е прв освоен бод за младата велешка екипа, која во две сезони во Првата лига, бележеше само порази. Ипокрај последното место, остануваат во оваа конкуренција, бидејќи понизок ранг нема.
Tweet |