Петар Печков
Објавено: петок, 12 мај 2023
Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија на четирите клубови кои оваа година не добиле ваучер од Агенцијата за млади и спорт им додели парична помош. Меѓу нив е и велешкиот постар ракометен лигаш МРК Борец. на неговата сметка треба да се веќе исплатени 75 илјади денари. Освен велешкиот прволигаш тука се и Астраион Стpумица, Партизан од Гевгелија и Драчево од Скопје
„Сите сте запознаени со ваучер системот за финансирање на клубовите, критериумите кои се поставени оваа година, начин на бодување, некои спортски субјекти не добија ваучер. Агенцијата за млади и спорт е последна која одлучува дали клубовите ќе добијат финансиска помош. Се натпреваруваат две три години во првенството, не исполниле квота да добијат ваучер. Тие доставија барање да им се помогне финансиски од страна на РФМ, бараат помош од по 75.000 денари од нашиот буџет или вкупно 300.000 денари, што е и сторено“, велат од РФМ.
МРК Борец годинава настапува во Првата лига, игра за опстанок досега нема освоено ниту бод во оваа конкуренција оти настапува со кадетска екипа.
Tweet |