речник контакт

МХК „Злетово“

Уште пред три години судот во Велес забранил продажба на дел од имотот на Топилницата. А1 дојде до документот кој покажува дека продажбата на МХК „Злетово“ не се одобрува и не е дозволена.

Аница Солева

Постои забрана за оттуѓување на подвижниот имот. Според овој документ, доверителите не смееле да ги понудат на продажба репроматеријалите и производите на МХК „Злетово“ во пакет со недвижниот имот како што тоа го сториле на меѓународниот тендер за продажба. За подвижниот имот на велешка Топилница од погоните на металургија и хемија, судски спор води фирмата „Инвестас“. Сепак, и покрај ваквата забрана, до сега се објавени шест тендери за продажба на велешка Топилница. По петте неуспешни, комбинатот неодамна доби газда: холандската компанија „Ресурсис холдинг“. Оттаму велат дека ваквата одлука се уште на ја добиле, но не ги загрижувала оти доверителите ги убедувале дека целиот проблем ќе се реши. Според информациите во велешка Топилница, најголеми доверители се Макпетрол, Фершпед, Комерцијална банка, американската компанија Центро трејд, Раде Кончар од Скопје, фабриката за конци Ветекс од Велес, а мал доверител е и државата. Стечајниот управник на МХК „Злетово“, Владислав Тамбурковски, денеска не беше достапен за да објасни зошто и како дозволи да се случи ваков скандал со продажбата на велешка Топилница. Извор: [url=www.a1.com.mk/]А1[/url]

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »