речник контакт

Мавели е химна на свадбите ( ретро)

Ретки се свадбите во Велес на кои нема да се испее Мавели а уште поретки се тие што ја знаат приказната за оваа песна.

Петар Печков

Ретки се свадбите во Велес на кои нема да се испее Мавели а уште поретки се тие што ја знаат приказната за оваа песна. Велешките свадби се прочуени токму по овој адет, младите да се креваат на стол и исправени да се бакнат. Мавели е задолжителна на репертоарот на секоја група што свири на свадбите а музичарите и не знаат што всушност пеат. Неодамна пензионираниот чалгаџија Шеро Асанов открива дека Мавели е приказна за забраната љубов.

 

Приказната е многупати испеана во други варијанти а во Мавели станува збор за момче и девојка што се сакаат, но родителите не ја дозволуваат нивната љубов, бидејќи не се од иста вера. Таткото на момчето му вели дека девојката не е за него и да си избере друга. Тој одговара дека ја сака само Мавели, што значи русокосата и дека само неа ќе ја земе - објаснува Шеро. Токму затоа и оваа песна останала како традиција на велешките свадби, дека момчето ја сака само невестата и никоја друга, а бакнежоте е доказ за неговата верност. Вообичаено е оваа песна да ја порачаат другарите на момчето и тоа по вечерата. Младите седнуваат на два стола, кои во ритмот на музиката се креваат во воздух и тоа три пати во текот на песната. 

 

Оваа традиција на стотици свадби ја забележале на видео запис и снимателите од градот. Ана Иванова била сведок на многу интересни случки и настани додека го снимала  најсвечениот момент на младенците.

 

Има храбри невести, кои со младоженците се качуваат на столовите и стоејќи играат. Ова е опасен адет, бидејќи се случувало некој или двајцата од младите да паднат од високо. Факт е дека невестите паЃаат повеќе од момчињата. Имало и повредени кога сакале да се докажуваат кој или што може повеќе. Во последно време оваа традиција како да изумира. Се почесто се случува пред почетокот на свадбата, младенците да посакаат Мавели да не се свири - вели Ана Иванова од фотостудио „Пента“. Таа вели дека Мавели се пее и на македонски и на турски, некои од музичарите ја свират и по пет минути, некои и пократко. Се случува пејачот да повика невестите во салата да клекнат,  па таа што нема да го стори тоа значи дека не може и дека ќе има принова во семејството. Слично е и со Мавели, со која во зависност до мајсторијата на пејачот, тој ќе посака   младите да имаат новороденче. Затоа со песната најавува дека повторно ќе има радост во куќата и свирка на задоволство на сите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »