Петар Печков
Објавено: вторник, 12 декември 2023
Маж пријавил семејно насилство од 16 години помладата сопруга, со која живеел во невенчан брак.
„На 11 декември во СВР Велес, 46-годишен велешанец пријавил дека во семејниот дом неговата 30-годишна невенчана сопруга, која имала здравствени проблеми, агресивно се однесувала кон него, му упатила закани и фрлала предмети кон него. Таа била пренесена во здравствена установа“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
По целосно документирање на настанот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
Tweet |