Петар Печков
Објавено: сабота, 23 мај 2015
Младите луѓе во Македонија заедно со Хрватска најкасно го напуштаат семејниот дом во споредба со земјите од Европа. Според Eurostat, мажите во Македонија на 35.8 години се одвојуваат од своите родители додека жените на 27.4. Просечната возраст на младите во Македонија кои го напуштаат семејниот дом е 31.4 години и далеку од просекот на ЕУ кој е 26.1. Само Хрватска има просек поголем од нашиот, кај нив прсечната возраст изнесува 31.9 години.
Во нашето општество преовладува традиционалниот модел на воспитување според кој многу родители очекуваат децата да останат да живеат со нив. После нас се наоѓаат Хрватите кои домот го напуштаат на 32 години, а после нив се Словаците и Малтежани и Италијанците. Швеѓаните, за разлика од Македонците кои на 31.4 години го напуштаат семејниот дом, се нација која се осамостојува на 19.6 години.
Овој проблем еден дел е условен од традицијата, а голем дел е поради сиромаштијата што преовладува во нашата земја. Другите европски земји не можат да сфатат како во стан од 60 квадрати живеат три генерации семејства. Во Италија, младите се осамостојуваат на 29 години, воглавно поради лажниот католички морал според кој машките деца остануваат да живеат со родителите.
Останатите земји кои исто така се на дното на листата, како на пример Малта и Словачка, преовладува силен фамилијаризам.
Оваа „традиција“ не би била толку пристуна доколку младите гледаат перспектива, односно доколку знаат дека после завршувањето на факултетот ќе можат да најдат работа. Сосема е јасно дека младите го одложуваат осамостојувањето бидејќи никој млад човек не би си заминал од домот во кој има основна егзистенцијална сигурност.
Tweet |