Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 ноември 2021
Велешкото обвиниктелство со повеќе детали за инциденот кој се случи во саботата вечер, кога мажoт ја нападна сопругата при семејно насилство. Го квалификуваа како убиство во обид. Започната е истражна постапка против лице од Велес на возраст од 73 години
„На 13- ноември година околу 19.45 часот, осомничениот при вршење семејно насилство, се обидел да ја лиши од живот сопругата која е на возраст од 58 години. Тој започнал вербална расправија со оштетената, бидејќи таа била на вториот кат од нивната семејна куќа, каде живее нивниот син со семејството, за да помогне околу болно внуче. Осомничениот од под перницата од креветот каде што спие, извадил два големи ножа со сечива од 17 см и 19 см. Држејќи ги ножевите во двете раце, тој замавнал кон оштетената во пределот на главата, заканувајќи и се дека ќе ја заколе. Оштетената почнала да го повикува синот, по што тој дошол, го удрил осомничениот и успеал да му ги одземе ножевите“ – соопштија од ОЈО Велес.
Бидејќи постоеле опасности дека доколку биде на слобода, осомничениот може да се даде во бегство и да го доврши кривичното дело, јавниот обвинител од велешкото обвинителство до судијата на претходна постапка при Основен суд Велес доставил предлог за притвор за осомниченото лице. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.
Tweet |