Петар Печков
Објавено: среда, 08 мај 2024
Гордана Силјановска Дафкова е новиот претедател на Македонија, прва жена која во три децениската историја на самостојна Македонија е на оваа позиција. Таа како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг на претседателските избори по 99 отсто пребројани избирачки места има освоено 65,14% додека нејзиниот противкандидат од редовите на СДСМ Стево Пендаровски има 29,25%.
Во Општина Велес, Силјановска Дафкова има освоено 71,76% додека Пендаровски 24,46% од сите 84 пребројани избирачки места во ОИК Велес.
Во Општина Градско податоците се за сите 11 избирачки места и Гордана Силјановска Дафкова има освоено 72,27% а Стево Пендаровски 25,09%.
Во Општина Лозово податоците се за сите 9 избирачки места и Гордана Силјановска Дафкова има освоено 72,36% а Стево Пендаровски 23,61%.
Во Општина Чашка податоците се за сите 30 избирачки места и Гордана Силјановска Дафкова има освоено 54,22% а Стево Пендаровски 42,05%.
Tweet |