Петар Печков
Објавено: четврток, 12 ноември 2020
Со голот на Горан Пандев во 55-та минута репрезентација на Македонија како гостин во Тбилиси, ја совлада селекцијата на Грузија. Со оваа победа во баражот, Македонија за прв пат во својата историјата се пласира на Европско првенство во фудбал.
Остварен е успех што ќе се памети со генерации. По кошаркарите, ракометарите и одбојкарите и фудбалерите се најдоа на завршницата не еден фудбалски самит.
Веќе е познато и групата и распоредот на натпреварите на селекцијата на Македонија на завршницата. Првиот натпревар на Евро 2020 репрезентацијата го игра на 13-ти јуни со Австрија, следниот против Украина на 17-ти , и двата натпревари се играат во Букурешт -Романија. Последниот натпревар во групата Македонија го игра на 21-ви ви јуни во Амстердам со Холандија.
Tweet |