Петар Печков
Објавено: вторник, 27 декември 2022
Во Велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“ денеs беа промовирани нови 149 подофицери, поранешни професионални војници. Тие има двомесечен курс, кој се реализираше во велшката касарна во Командата за обука, и денес станаа дел од повеќе родови на Македонската армија.
Министерката Славјанка Петровска на новите подофицери им порача дека тие ја имаат честа да бидат штит на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата држава, да ги чуваат нашите граѓани безбедни и да го одржуваат мирот за сите нас.
„Вие бевте предложени од страна на претпоставените, благодарение на способностите и подготвеноста, но и поради тоа што тие веруваа во вас и во вашите капацитети дека токму вашиот индивидуален квалитет може дополнително да придонесе за развој на Армиските капацитети. Бидете горди на ова ваше постигнување, но не застанувајте тука. Продолжете со вашата иницијативност и упорност и бидете пример за останатите“, рече Петровска и додаде дека подофицерите се оние кои со личен пример ќе им покажат на професионалните војници како се станува вистински професионалец.
Таа потенцираше дека подофицерскиот кадар е столбот на Армијата.
Армијата во последните две години се зајакна со вкупно 339 подофицери, во четири наврати од по 55, 65, 70 и 149 припадници на Армијата, кои беа избрани од басенот на професионални војници и кои минаа низ двомесечна обука за подофицери.
Мирослав Начков од Пробиштип е најдобро рангираниот ново произведен подофицер на Армијата на Република Македонија, кој денес заедно со уште 148 колеги беа промовирани во чинот водник.
„Не` има од сите краишта на земјата,а но тоа не беше пречка да работиме сплотени како еден. Посветено работев сите овие години наназад, се вложував да станам ова што сум. Ми се оствари младешкиот сон да бидам активно воено лице “ - кажа Начков.
Веќе од утре оваа нова генерација на подофицери ќе започне со обука на новите 200 професионални војници, премени во АРМ, токму тука во касарната во Велес.
„Денес остваривте една ваша лична цел и амбиција. Армијата пак се збогати со лидер на основното тактично ниво. подофицерите преку секојдневните задачи, обуката на единиците, градењето на капацитети и армиските вредности, придонесуваат Армијата да биде почитувана од сојузниците во Алијансата“- изјави полковник Васко Кокалански, командант на Командата за обука при велешката касарна.
Од новите 149 подофицери, 13 се жени.
Tweet |