Петар Печков
Објавено: вторник, 17 февруари 2009
Македонската полиција ја продолжи акција „Велес“ во која на 17 февруари во утринските часови се уапсени пет лица од градот: Ќ.Б.(46), М.З. (39), Ј.Ј. (36), К.Г. (33) и Т.Ј. (29).
Акцијата е изведена во 6 часот наутро со помош на СВР Велес и единицата за борба против недозволената трговија со оружје и дрога. При претрес на домот на лицето Ќ.Б.(46), пронајдени се и со потврда се одземени: 4800 швајцарски франци, 2800 евра, две патнички моторни возила „БМВ” црна боја и „СЕАТ Ибица”.
При претрес на домот на лицето М.З. (39) пронајдени се и со потврда се одземени: еден пиштол Магнум, 10 грама хероин, 1 грам кокаин, ПМВ „Ауди А6”, злато и златни предмети, 6 банкноти од по 10 денари со остатоци од хероин, 3200 евра и 71200 денари.
При претрес на домот на лицето Ј.Ј. (36) пронајдени се и со потврда се одземени: еден пиштол ТТ 7,62 мм. и 21 куршуми за истиот, ловечка пушка и 9 патрони за ловечка пушка 12 мм., документација за финансиски трансакции за подигнати поголеми парични износи, ПМВ „БМВ 320” сребрена боја и џип „Мерцедес” со велешки регистарски ознаки.
При претрес на домот на лицето К.Г. (33) не се пронајдени предмети од интерес на службата.
При претрес на домот на лицето Т.Ј. (29) пронајдени се и со потврда се одземени: гасен пиштол, 3000 евра, ПМВ „БМВ 320“ црна боја со бугарски таблички. Ниедно од лицата кај кои е пронајдено оружјето не поседувало дозвола, така што по целосното документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Документацијата од финансиските трансакции ќе биде доставена до Дирекцијата за спречување на перење пари и доколку се утврди криминал пријавата против лицата ќе биде проширена. Одземените вкупно 5 патнички моторни возила се предадени на натамошно вештачење и утврдување на потеклото на истите. Инаку, како резултат на спроведувањето обемни истражни мерки, следење на телефонските комуникации и претреси на објекти, австриското Министерство за внатрешни работи, во соработка со македонското МВР, во рамки на операцијата „Велес“, претходно успеаja да откријат 16-члена криминална група од Македонија, којашто со извесни паузи, од почетокот на 2008 до крајот на ноември 2008, во разни паркови на поширокото подрачје на Виена продавала и до 200 грама хероин дневно.
Во изминатите неколку месеци, 14 члена од оваа криминална група беа откриени, уапсени и префрлени во истражниот затвор Јозефштат во Виена. Како резултат на истрага, набљудување и сослушување постоеја основани сомненија дека од страна на оваа криминална група во периодот од почетокот на 2008, па с? до крајот на ноември 2008, во Австрија биле внесени и продадени вкупно: околу 27 до 30 килограми хероин, по цена од 40 до 50 ? за грам. Вредноста на хероинот што оваа криминална група го пуштила во промет достигнува улична цена меѓу 1.100.000 и 1.500.000 ?. Во рамките на повеќе извршени претреси на објекти во Виена и околината, биле откриени и запленети вкупно: 230 грама хероин и 27.865,- ?.
Од документираните сознанија, утврдено беше дека шверцот и трговијата со хероинот бил организиран од страна на групата од Велес, и тоа најчесто од различни телефонски и интернет центри. Криминалната група беше осомничена за организација на повеќе транспорти на хероин, со автобуси и патнички возила во Австрија.
Во изминатите месеци групата редовно регрутирала млади лица со македонско и екс-југословенско потекло, за истите обезбедувала најчесто фалсификувани патни исправи и ги префрлувала првин во Италија по морски пат, а потоа со патнички возила во Австрија. Откако ќе пристигнеле во Австрија, овие лица стапувале во контакт со организаторите, биле сместувани во различни станови и подучувани за продажба на дрога. Нивни обврски биле да пречекуваат поголеми пратки хероин во Виена, да го скријат хероинот и да го препакуваат во помали пакетчиња погодни за продажба, кои ги пуштале во промет во разни паркови. За својата работа членовите на оваа група биле наградени со 10% од дневната заработувачка. Со оглед на тоа што дневната заработувачка изнесувала и до 800 ?, организаторите немале поголеми проблеми да регрутираат нови членови во Македонија. Парите заработени од продажбата на хероин, во износ меѓу 1.100.000,- ? и 1.500.000,- ? биле префрлувани во Македонија или лично преку курири, или преку институции за брз трансфер на пари.

Tweet |