речник контакт

Македонската стрип сцена збогатена со седум стрип изданија на македонски јазик

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес се едни од малкуте издавачи во Македонија, кои редовно, секоја година издаваат стрип изданија на македонски јазик

Петар Печков

Деновиве седум нови стрип изданија се излезени од печат, дело на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес. Тие се едни од малкуте  издавачи во Македонија, кои редовно, секоја година издаваат стрип изданија на македонски јазик.

Стриповите може да се набават преку изадвачот или во стрип книжарницата „Бункер “ во Скопије. Издадени се со финансиска помош на Министерството за култура

„За голема среќа за македонските читатели и љубители на стрипот, со голема благодарност до Министерството за кулрура кое силно не помогна, издадовме   седум изданија, што досега ен се случило. Има стрипови за секои вкус, желби, да ги задоволиме потребите на различни возрасни категории.  Така љубителтеи на стрипот ова лето ќе може да читаат стрипови на македонски јазик со македонски стрип јунаци“ – кажа Ване Трајков, директор на Стрип центарот на Македонија, со седиште во Велес.

Издадени се 35 број на  Стрип креатор во кој се стрипови на македонски автори, наградени на конурсот дел од меѓународниот салон за стрип, автори кои имаат малку можнсот некаде  да објават свои стрипови. 

Во 36 број на Стрип креатор се стрипови на реномирани македонски автори. Седмиот број на Стрип алманахот донесува стрипови на млади по стаж стрип автори од Македонија. Издадена е стрип книгата „Историски стрипови“ на македонскиот академски  сликар Коле Манев, кој во почетоцитге бил стрип цртач. Тоа се негови стрипови се издадени во списанието Детска радост и весникот Нова Македонија, но поради на можноста да се дојде до оригиналите, тие се пронајдени преку списанието Наш свет.  

Ова издание „Историски стрипови“ донесува раритени стрипови, посветни на Карпош, Цар Самоил, Григор Прличев, Страшо Пинџур у уште дваесњетина други значајни македонски имиња. Издаден е и детскиот стрип „Кико и Веки во вселената“  втор дел, на Јован Мансиевски. Отпечатен е и стрипот на Миле Топуз, реномиран македонски стрип цртач, Илинден 1903-борбата на Слива и Христо Узунов. Последното седмо издание е стрипот Волшебни квадратчиња на младата авторка Ања Тановиќ од Нови Сад, Војводина.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »