речник контакт

Македонски девојче ни го свиреа под Акропол

Како минаа во Атина велешаните Владо Смилев и Игор Костов

Петар Печков

 Ни во најсмелиот сон, двајцата Македонци не можеле да претпостават дека додека шетаат под Акропол ќе им ја свират ,,Македонско девојче,,. Тоа им се случи на  велешаните Владо Смилев и Игор Костов кои беа учесници на тренинг кампот ,,Младите во акција,, одржан во  градот Рафина блузи Атина во Грција, а под покровителство на ЕУ.

Додека бевме во посета на Атина и шетавме под Акропол, имаше еден уличен свирач на хармоника. Минавме покрај него, му фрливме  ситна пара а тој не праша од каде сме, одговоривме од Македонија. По кратко време тој ја засвири ,,Македонско девојче,, . Не ни се веруваше на тоа што допираше до нашите уши, беше позитивен шок, а  песната  ја слушна и колегите од Балканот, кој ја знаат и тие останаа вчудоневидени, знаејќи кака атмосфера има во Грција кон Македонија – вели Владо.

Дополнува  дека додека биле во градот  Рафина мало предградие на Атина, локалното население немало никакви реакции кога ќе добиеле одговор дека  Влади и Игор се од Македонија, напротив домаќините љубезно ќе се насмееле, други се ракувале а од некои добивале на подарок и чоколадни бонбони, но негативни реакции немало.

Затоа ги имало во Солун и Атина.  Програмата преку која   двајцата млади  велешани престојуваа кај јужниот сосед  ,,Млади во акција,, е финансирана од Брисел, со цел  запознавање на новите генерации млади од Европа за  Европскиот волонтерски сервис. Таа ги едуцира младите од сите земји на Европа, како можат да работат без надомест  во различни држави од Стариот континент.

Овој проект  се однесува на млади личности на возраст од 13 до 30 години кој им помага да волонтираат  во период од две седмици до дванаесет месеци, во било која Европска држава, на тема која што ги допира младинските проблеми. Работата не е платена, но затоа  ги покрива сите режиски трошоци, виза, патување, сместување, џепарлак, храна, оброк. Со неа треба   младите да ги прошират нивните знаења,  да ги запознаат можностите  преку  волонирањето.   Неа можат да ја користа млади  членови на граѓански, невладини организации – објаснува Смилев. 

Тие во  Грција престојуваа  осум дена, на тренингот  имало  триесетина колеги  од  12 држави, од Унгарија,Малта, Исланд, Италија, Албанија, Црна Гора, Романија, Чешка, Б и Х, Србија. Двајцата ученици од Македонија се членови на ,,Детскиот парламент на Македонија,, .

Презадоволен  сум од овој престој и сработеното во Грција. Ова е  еден вид неформално образование. Имавме одлично дружење се со сите колеги од различни делови на Европа. Договоривме и натамошна соработка и контакти за следните заеднички чекори. Имавме и своја македонска вечер, каде се претставивме со наши македонски специјалитети. Не треба да зборувам дека сите се воодушевија од ајварот – вели Игор Костов.

Тие на масата имале традиционална храна, соленки, јајчарник, но и пијалак Газоза кој ги воодушевил учесниците и  бргу се испил.   Двајцата велешани ја продолжиле градската традиција, на гостите да им се дава бардак, па така на   сите им поделиле по еден сувенир  од овој  глинен производ.  На крајот дружењето на оваа македонска вечер во Грција завршило со наши традиционални ора, рамното и топтан. Но тука не завршува соработката меѓу домаќините Грците и Македонците. Веќе договориле на лето заедничка соработка, со поголем број учесници, на иста тема волонтерство а учесници освен нас и јужните  соседи, ќе бидат Турците а сето тоа ќе се случува на островот Кос, во Егејот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »