Петар Печков
Објавено: вторник, 17 април 2012
Првата манифестација „Македонски ден на Книгата “во Канадa која ќе се одржува во рамките на Светскиот ден на книгата в недела на 22-ри април, 2012 година, во Македонска црква" Свети Климент "во Торонто, Канада. Оваа меѓународна манифестација се организира од страна на Генерален конзулат на Република Македонија во Торонто Канада и Македонското здружение " Македонска нација" од Мисисага.
Македонски ден на книгата во Канада е манифестација замислена како можност за промовирање на македонската литература и јазик надвор од границите на нашата матична земја, како и можност за актуелизирање на писателите Mакедонци кои живеат и творат во Канада.
Македонски автори кои ќе учествуваат на овој настан се Игор Крајчев од Велес Македонија, Ристо Стефов и Џејмс Саундерс, писател ,прв претседател и основач на Организацијата Обединети Македонци во Канада.
На манифестацијата ќе учествуваат: Македонскиот народен ансамбл "Македонка" од Торонто, Македонскиот народен ансамбл "Св Илија" од Мисисага , Македонскиот народен ансамбл "Билјана" од Maркам, а ќче има и специјална мала изложба на ретки антички книги издадени 1700-1800 година за Македонија, дела од приватна колекцијата.
Tweet |