Петар Печков
Објавено: вторник, 10 март 2020
Во текот на вчерашниот ден, Македонски Железници Транспорт АД-СКОПЈЕ, се приклучи на иницијативата за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 познат како Корона вирус. Откако Владата донесе мерки за превенција од вирусот за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните, дезинфицирани се патничките возови кои се во сообраќај.
Специјализиран тим во понеделникот ги дезинфицираше возовите што моментно се во оптек. Тоа се четирите гарнитури и четирите вагони кои превезуваат патници на различни релации - соопштија од МЖ Транспорт.
Превентивната акција за дезинфекција против ширењето на овој вирус, потенцираат од МЖ Транспорт ќе се повтори доколку се јави потреба.
Tweet |