Петар Печков
Објавено: петок, 16 јануари 2015
Ученици од средните училишта во Велес и Француски Шербур Октевиљ се дружат а меѓусебно се запознаваат преку храната. Младите Французи кои престојуваат во збратимениот град Велес, подготвуваат заеднички јадења со нивните домаќини. Така ја запознаваат земјата и градот домаќин. Ова е културна размена за навики, традиции од двата збратимени града. На трпезата имаше и македонски и француски специјалитети.
Овие два дена нашите гости, заедно со домаќините, подготвувавме храна која е карактеристична за двете земји. Истата ќе биде можност за заедничко дружење во текот на подготовката, но и за време на ручекот - вели професорката Руска Мицева од Средното Хемиско училиште Димитрие Чупоски.
Кај нив престојуваат десетина средношколци кој на овој начин се запознаваат со македонските обичаи. Од двете страни, и домаќините и гостите, се подготвува главно јадење, десерт, салата и колач. Младите од двата града со многу жар и елан, ја подготвуваа храната. Ѕиркаа кој што употребува, која количина продукти се користи. Уживаа во различните мириси на двете кујни. Домаќините подготвија тавче гравче, јуфки, пинџур додека гостите две ладни и две топли предјадења и јадења, колач со јаболка, салата ид киви и јаболка со маскарпоне крем, тава печени компири со сирење и сос. По подготовката следеше заедничката дегустација на јадењата.
Подготвуваме различни јадења од нашиот регион во Нормандија, карактеристични за нас. Поголем дел од потребните намирници за храната ги набавивме во Велес, единствено со себе носиме ,,сидре,, безалкохолен пијалак на база на јаболко, кој го користевме. Морам да кажам дека имаме слична храна а за вкусовите не треба да се расправа. Подготовката е различна намирниците се исти но храната е подеднакво добра - вели Муриел Буке професор од Алекси Дотовил средно училиште во Шербур Октевиљ.
Таа потсети дека оваа нивна посета ја подготвувале две години, и сега ја реализираат. Јадењата бргу беа изедени,секој сакаше да проба од тоа што другите подготвиле, да вкуси нешто ново и интересно.
Tweet |