Петар Печков
Објавено: петок, 25 јуни 2010
публиката ќе може да види седум претстави од кои пет се во конкуренција. Отворањето и затварањето на фестивалот ќе бидат со претстави играни по текст на македонски автори.
Почетокот е резервиран за Печалбари од Антон Панов во режија на Дејан Пројковски на кумановскиот театар додека затварањето е на прилепскиот театар со Крпен Живот од Стале Попов во режија на Владо Цветановски. Се решивме за овој избор бидејќи тие кореспондираат со фестивалот, тоа се битови македонски драми.
Во натпреварувачкиот дел ќе учествуваат пет претстави каде заедничка нитка е поединецот против толпата. Публиката ќе види претстави современо аранжирани кои сигурно ќе предизвикаат внимание кај јавноста, која очекуваме дека ќе го наполни гледалиштето во античкиот локалитет – изјави Зоран Љутков претседател на организациониот одбор на фестивалот.
Претставите кои се во конкуренција се натпреваруваат Гран при за најдобра претстава и за статуетката ,,Афродита,, за режисер, актер и актерка. Фестивалот се одржува во античкиот театар во локалитетот Стоби.
Tweet |