речник контакт

Македонски шуми ги определија цените на грејното дрво

Познати цените на буката и дабот во ШС Бабуна.Раковдството смета дека годинава нема да има проблеми за грејната сезона.

Петар Печков

Во складиштата на јавното претпријатие „Македонски шуми“, вклучувајќи го и велешкиот на ШС Бабуна, буката се продава по цена од 2.372 денари по метар, а дабот за 2.453 денари. Во цената е вклучен и данокот на додадена вредност, објави раководството на компанијата по информациите објавени дека огревното дрво се продава по цена од 3.000-3.500 денари.

Од компанијата тврдат дека има доволно залиха на огревно дрво и оти се полни нивните складишта во Велес и останатите македонски градови. Помошникот на директорот за комерцијално работење, Љупчо Ивановски информира дека заклучно со април во Македонски шуми се произведени околу 230 илјади метри просторни огревно дрво и оти имаат склучено договори со пензионери и некои синдикати за испорака.

Годинава планот на компанијата е да бидат произведени околу 630 илјади метри кубни огревно дрво.  Од компанијата најавуваат дека наесен ќе биде спроведена акција за уништување на боровиот четник во оние делови каде тој е најприсутен.  

Раководството тврди дека компанијата годинава бележи позитивни резултати во работењето и оти сите задолжувања што ги имало претпријатието се исплатени. Од самофинансирање обезбедуваат пари за околу 2.500 вработени и засега нема најави за отпуштање.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »