Петар Печков
Објавено: сабота, 23 август 2014
Велешанецот Љупчо Босилков Чаушот познат како македонскиот Еливс Присли замина во пензија. Тој три децении ги забавуваше Германците и Австријците по тамошните клубови со настапи и песни од светската музичка икона. Освен Присли, Босилков ги пееше нумерите и на Том Џонс а секое лето ги забавуваше бројните гости на Канарските и Балеарските острови. Од неодамна тој и кажа збогум на музиката.
Моето музичко шоу на сцената, трае неколку часа. Опфаќа еден час песни на Елвис Присли, еден час Том Џонс, па кантри исто така Кени Роџерс, Џони Кеш, Алан Џексон. Се пресоблекувам за секој дел посебно. Имам шоу со песни од Присли, па пола саат гостите се сликаат со мене, дури ред се чека да се фотографираат. Па следи Том Џонс и пак песни и сликање. Гостите се пред се Скандинавци, Англичани, тие доаѓаат во овој планински дел на Австрија и Германија каде настапувам во елитни локали Тоа се скијачки монденски одмаралишта. Песните на Присли, на Том Џонс се уште се актуелни, атрактивни. Пеам и од Роби Вилијамс, се по потреба знам 500 песни секој момент на памет. Од Битлси ги бараат најголемите хитови, а јас сум од тоа време – вели македонскиот Елвис Присли, велешанецот Босилков.
И додека зимно време ги забавува гостите во снежните одмаралишта, седум месеци е на море и тоа во Шпанија, на море.
Која мајка си го загубила синот во Европа ќе го најде лете или на Канарите или на Балеарите. Во Мајорка и Тенерифе таму пеам и настапувам исто така со мое шоу. Уште се палат на старите хитови, но за помладите пеам и поново. Ама таму е важна забавата - вели Чаушот.
Тој живее во австриски Куфштаин. Гратчето го дели реката Ин меѓу Германија и Австрија, близу е Минхен и Инсбург. Во животот има многу настани и моменти кои не може да ги заборави, да не ги спомене а се вредни да останат забележани. На многу познати имиња од спортот, филмот, музиката им свирел, ги забавувал.
За паметење е кога на мој концерт дојде Род Стујард. Бил во Германија и дојде во клубот каде настапував. Му се допадна како пеам, дојдов на неговата маса, тој пиеше виски, јас го понудив со македонска ж`та. Тој ја проба му се бендиса и цела вечер ме слушаше мене и пиеше виски со ж`та. Беше урнебес. Во 1974-та кога Југославија се пласираше на СП во Германија во фудбал, во клубот дојдоа Миљаниќ и Бразилецот Загало. Бидејќи Милан е по потекло од Битола му ја запеав Битола мој роден крај и толку требаше, за да биде вечер за незаборав. А колку германски и австриски филмски глумци биле на мои настапи, да не зборувам – додава Љупчо.
Откако административно се пензионираше на први април музиката му е во втор план. Има студио и сака да се посвети на снимањето песни. Во родниот Велес не се враќа, само како гостин, не и да живее.
Иако со децении е надвор од градот, велешани го препознаваат. Објаснува,,колку свадби имам свирено, како ќе ме заборават,, . Токму тој со Димче Бегинот и групата ,,Кактус ја имаат промовирано химната на велешките свадби ,,Мавели,,. Свирел со повеќе велешки групи, почнувајќи од Рубико, преку Кактус, Астор. Свирел и тезги по Јадранот, на Корчула, Оребиќ, Шибеник.
Завршив факултет за туризам и угостителство а секунда немам во струката работено, само музика, музика, тоа е мојот живот. Музиката е се за мене, тоа е мисла која постојано ме води напред. Само немам свој личен хит. Ако останев овдека може ќе станев популарен. Во тоа време пред д заминам бевме млади, гледавме од постарите колку се популарни музичарите. Кога се врати Божо Нојот од Германија, со долги големи коли, со пари, а ние со 19 години. Викам и ја одам таму, фраер да бидам. И така започна мојата музичка кариера, така и заврши. Се беше музика – вели Чаушот.
Дел од кариерата во Германија ја минал со Трајче Органџиев.. Додека студирал цимер му бил Григор Копров. Како млад настапувал со Љупка Димитровска, Зафир Хаџиманов, Диме Поповски, Зоран Милосављевиќ со кога снимил емисија и за ЈРТ. Босилков завршил основно музичко училиште во Велес отсек виолина. Учел средно во Хемиска каде 1962 ја формирале групата Изотопи а ментор им бил Ратко Пајдаков.Така започнува неговата музичка кариера. Свирел бас гитара и бил главен вокал во групите каде настапувал.
За почетоците
Учев нижо музичко во Велес виолина учев во Благој Кирков па во Хемиска ја формиравме Изотопи ја, Пепи Стојанов на скулпторот Коруновски татко му, Венко бевме 1962/3 прва година не учеше Ратко Пајдаков Гимназија направија оркестар Елиси, па дојдоа Триумфи и Лебеди. Свирев бас гитара и бев главен пејач. Започнавме тезги на Младост на мотелот на Интернационал со Трајче Органџиев, Иле Јанев, Бранко професорот по музичко. Тогаш бевме група Рубико.
Заминав за Скопје за РТС снимив песни па ме пратија во Сараево на фестивал на млади каде освоив трето место. Имаше пеачки од сите републики настапив со песната ,,Мала куќа,, аранжманот беше на Ацо Џамбазов тоа беше 1969-та и следната година на фестивал Грбавица учествував пак за млади таленти имав 19-20 години.
За заминувањето во Германија
Ја и Трајче отидовме за Германија, прво бевме 3-4 години со Мацедонија квартет. Беа и Благој Јанев од Нови Сад и Едвин Орехар Германец. Настапуваме во многу локали од Хамбург до Минхен свиревме танц музика и големи хитови. Многу не бараа таму Се вратив да отслужам војска и пак назад во Германија аман не за долго пак назад за Велес и пак со Рубико со Орце `Ржаров, Трајче Органџиев, Иле Јанев. Почнавме и по лето на Јадран да свириме, Шибеник, Корчула, Оребиќ таму тезги држевме.
За неговата музичка кариера во Македонија
Имам снимено Тв постер и тв подиум мини шоу на МТВ. Бев член и ан Астор со Боре Караколето, Стојанче и Иле, тоа за мене е најдобра група во Велес Имавме 45 минутен шоу на МТВ со кавер странски верзии Отидов пак за Германија 1996 и оттогаш сум таму во Австрија. Доаѓам повремено да се видам со блиските, пријателите.
Tweet |