речник контакт

Македонскиот игран филм за гејмерите и гејминот „Уште една игра“, во Киноверзум Велес

Премиера и на американската романса „Споменот на него“. Се прикажуваат и хоророт „Вресок 7“ и комедијата „Свадба“

Петар Печков

Четири филма се на репертоарот на Киноверзум Велес следните седум дена. Премиера има македонскиот игран филм, за е-игрите „Уште една игра“  во која играат Тони Михајловски, Жаклина Стефковска. Режијата е на Холанѓанецот Ник Јансен. Филмот е снимен со американски пари, а снимањето било во 2023 во Македонија.
„Може да го направиме најдобриот филм, но ако никој не го види, џабе е. Се надевам дека ќе има публика. Чисто од аспект дека можеби ќе се создадат нови другарства преку тоа, ќе се поврзат генерации. Ќе дојде татко кој играл ‘Кантер страјк’ со син му кој играл ‘Кол оф дјути’. Да дојдат деца да ги видат Петар и останатите, тие се нова генерација на актери. Такви работи, такви спомени остануваат“, рече продуцентот  Китановски. Главната улога ја игра 16 годишниот Петар Маниќ.  Мартин, 16-годишник од Чучер-Сандево, има желба да стане ѕвезда како професионален гејмер — стремеж што се коси со желбите на неговата мајка за негово традиционално образование. Кога неговиот најблизок пријател, Димитар, добива можност да оди на проба за најдобриот европски еСпорт тим, Dynasty, Мартин со нетрпение ја прифаќа шансата да остави свој белег. Филмот се прикажува во петок и среда од 20ч.  

Втората премиера е за американската романса „Споменот на него“.    Бестселерот број 1 на Колин Хувер е претворен во трогателен филм за мајчинството, простувањето и љубовта толку силна што може да ги надмине дури и најлошите грешки. По совршен состанок со нејзиното момче, Кена (Маика Монро) прави непростлива грешка поради која завршува во затвор. Седум години подоцна, таа се враќа во својот роден град во Вајоминг, надевајќи се дека ќе го обнови својот живот и ќе добие шанса да ја запознае својата ќерка, Дием, која никогаш не ја видела. Кога Кена наидува на жесток отпор од старателите на Дием, нејзините баба и дедо, таа неочекувано наоѓа сочувство, а потоа и нешто подлабоко, кај поранешниот играч на НФЛ и сопственик на локален бар, Леџер (Тирик Витерс). Како што расте нивната тајна романса, така растат и опасностите што им се закануваат на двајцата, што го доведува Кен до уште еден емоционален слом - но и до надежта за втора шанса. Романот „СПОМЕНОТ НА НЕГО“, првпат објавена во 2022 година, е продадена во повеќе од 6 милиони примероци во Америка и е преведена на 45 јазици. Колин Хувер е авторка на бројни бестселери, вклучувајќи ги и „Ова завршува со нас“, „Со нас почнува“, „Верување“, „Без каење“.

Се прикажува и хоророт  „Вресок7“. Ghostface се враќа - попаметен, помрачен и посмртоносен од кога било. Кога во градот каде што Сидни Прескот изградила нов живот ќе се појави нов убиец со маската на Гостфејс, нејзините најмрачни стравови се остваруваат кога нејзината ќерка станува следната цел.    

Еден месец на репертоарот е Хрватскиот филм „Свадба“ , кој нима повеќе од два милиони гледачи во регионот.  Што се случува кога родителите им ги наметнуват на вљубените млади предрасудите за раса, вера, обичаи традиции. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »