Петар Печков
Објавено: четврток, 20 септември 2018
На 12-тиот стрип викенд кој се одржа во Нови Сад - Војводина деновиве, беше претставена и македонската стрип сцена преку стрип изданијата на Стрип- центарот на Македонија со седиште во Велес. На посебен штанд беа промовирани изданијата „Стрип-креатор“, „Стрип-алманах“, како и авторските стрип- книги издадени од страна на македонскиот стрип- центар.
Понудивме се што сме отпечатиле извикнатите години. Интерес имаше, но за жал поради јазичната бариера продадовме само десетина примероци. И тоа исклучиво за колекционери. останатите доаѓаа земаа а читаат, кога ќе видеа дека е на македонски ни кажуваа дека не разбираат и не можат да ги купат. Тоа што се продаде беше купено од страна на колекционери, кои не пропуштија можност да набават македонски стрип изданија - рече Ване Трајков извршен директор на Стрип- центарот на Македонија.
На штандот беа преставени стрип изданијата ,,Итар Пејо,, ,,Цар Самоил,, ,,Мис Стон,, ,,Кочо Рацин,, ,,Александар Македонски,, ,,Гаврило Радомир,,.
12. по ред „Новосадски ,,стрип-викенд“ се одржа на 14 и 15 септември . Претставниците на Стрип- центарот на Македонија заедно со колегите од Србија разговарале околу идно формирање на асоцијација на стрип фестивали од Балканот.
Tweet |