речник контакт

Македонските масло производители реагираат на нелојалната конкуренција

,,Ал-Макс,, од Струмица и ,,Благој Ѓорев,, од Велес уверуваат дека штипски ,,Брилијант,, увезува масло произведено во Србија а го продава како негов производ, иако два месеци фабриката не работи и немаат ниту еден вработен

Петар Печков

Македонските производители на масло реагираат на нелојалната конкуренција  која се случува на пазарот во земјава.  Според двете фабрики за масло ,,Ал-Макс,, од Струмица   и  велешка ,,Маслодајна,,   штипски ,,Брилијант,,  работи нерегуларно. Тие барат од надлежните инспекции и Царината да се заштитат купувачите но и прозиводителите. 

На пазарот во Македонија  во се поголеми количини  се увезува наливно – во цистерни масло за јадење увезено до Србија и се пушта во Македонија, како  да се  произведува и полни во Македонија, во Брилијант.  За утврдување на фактите може да се  види, како  фабриката ,,Брилијант,, од Штип,  која ги отпушти сите вработени, може да произведува и пакува масло за јадење кога нема вработени. Македонските купувачи се доведуваат во заблуда, оти на етикета го има карактеристичниот знак за Македонски производ  иако истото масло е  произведено и увезено од Србија. Ова е класична измама на македонските потрошувачи – пишува во документот кој Ал-Макс,, од Струмица и  велешка ,,Маслодајна,, кој е  испратен до  повеќе македонски институции, вклучувајќи го инспекцискиот совет.  

Двата производители  посочуваат на  документи  од Царинската управа,  при што со  увид во нив, и  со споредување можело да се констатира колку масло од  две штипски фирми,  е увезено и колку е  препакувано како  готов македонски производ а подоцна е на штандовите во маркетите продаван  дека е производ  на ,,Брилијант,, од Штип. 

Како надлежна институција должни сте за ги земете сите неопходни  мерки за престанок  на  увозот на маслото  кое е произведено во Србија  а во Македонија се  продава како Македонско.  Количините треба да бидат запленети и отстранети од домашниот пазар. Само така ќе се надмине проблемот со нелојалната  конкуренција – бараат македонските масло  производители.  

Наспроти тврдењата дека  на светската берза има  висока цена на суровините, од ,,Маслодајна,, велат дека на  берзата во Ротедрам подолго време немало никакви промени, што резултира со непрометни цени и на маслото во македонските продавници.  

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »