речник контакт

Македонските овчари најбарани за работа

Хрватска бара македонски овчари за работа на Истра. Им нуди 1000 евра месечна заработувачка за чување на стадата и плус околу 400 евра за исхрана. “Вечерњи лист“ пишува дека во Хрватска никој не сака да работи како овчар, во недостиг од таков кадар, со месеци чекаат надлежниот Институт да најде персонал.

Аница Солева

Сточарите побарале од Хрватското МВР да најде овчари од Македонија за работа, но повратен одговор се уште нема. Зошто се бараат овчари токму од Македонија? Луѓето од сточарскиот бизнис велат дека големата побарувачка се должи на тоа што нашинците во странство многу работат. Прочуени биле овчарите од Тетовско, кои работат во Италија и Грција. „Македонците се највредни, пораснаа со овците, знаат да ги молзат, испраксирани се повеќе од сите во регионот“, вели Меџид Амити, претседател на Фармерската федерација на РМ Во Македонија просечна плата на овчарите е 350 евра, во кои се вклучени и храната и превозот. Оваа сума според сточарите е премала за трудот кои го вложуваат. „Во РМ не е вреднувано овчарството и затоа тие одат да работат во странство“, вели Амити. Хрватската влада реши годинава да дозволи само 1.000 нови странци да добијат дозвола за работа, во туризмот, градежништвото и бродоградилиштата. Официјалните бројки се дека таму во моментов работат 10 илјади странци. Извор: [url=www.kanal5.com.mk]Канал 5[/url]

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »