речник контакт

Македонските проститутки протестираа во Скопје

Тепање, силување, навреди, полициско малтретирање - сексуалните работници се често изложени на ваков вид насилство.

Петар Печков

Тепање, силување, навреди, полициско малтретирање - сексуалните работници се често изложени на ваков вид насилство.

Спротивставувајќи се на ваквиот третман, група сексуални работници кои заработуваат продавајќи го своето тело, вчера протестираа во Скопје.

Со симболично отворање на црвените чадори, во знак на спротивставување на дискриминацијата и насилството и со собирање потписи за петиција, во земјава беше одбележан Меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работници. Со пораките „Права, а не насилство!“, „Наши тела, наш избор“ и „Сексуалната работа е работа“, тие бараат заштита од клиентите, макроата, полицијата, а насилството кон нив бараат да биде санкционирано како кривично дело.

\"\"

Петицијата беше предадена во Одделението за насилен криминал при МВР.

Извор: Утрински весник

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »