Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 јули 2019
Тројца велешани настапија како македонски репрезентативци, на Европското првенство за јуниори и до 23 години во кајак на диви води, слалом, која е олимписка дисциплина и се одржа на патеката Липтовски Микулош во Словачка.
Во екипната трка за возрасна категорија до 23 години, Игнатов, Петрушев и Мазнев се пласираа на 11-тото место од 20 репрезентации.
Христијан Игнатов во категоријата К-1 слалом до 23 години во првата трка беше 59-ти од 61 натпреварувач, додека во втората кога не возеа 20-те најдобро пласирани, беше 35-ти од 42-ца. Европски првак во оваа дисциплина стана Словакот Јакуб Григар.
Кај јуниорите во К-1 слалом возеа Ангел Петрушев кој во првото возење беше 25 од 60 натпреварувачи а Мартин Мазнев беше 40-ти. Во второто возење, без 20-те најдобри Петрушев извози за 12 место и за 1,5 секунда не успеа да влезе во полуфиналето, додека Мазнев беше 31-ви од 38 натпреварувачи. Во оваа дисциплина победи Французинот Антон Деласус.
На ова првенство како судија беше присутен велешанецот Бошко Нацев.
Следниот испит македонските кајакари, репрезентативци го имаат за две седмици на Светското првенство кајак на диви води слалом, за јуниори и до 23 години, кое ќе се одржи во Краков Полска.
Tweet |