речник контакт

Македонските театри, на гости во Велес

Наредниот месец 10 гостувања на Драмски, Танц фест ,Штипски, Охридски, Турската драма, Битолски

Петар Печков

По  вечерашното гостување на Алма Малер и саботното гостување на ,,Сомнително лице,, на МНТ во велешкиот театар, за април најавени се 10-тина гостувања на професионалните театри од Македонија и дел од програмата на Танц фест.   

На  2-ри април, четврток, гостува Охридскиот театар со  претставата „Детектор за лаги“ по текст на Виталиј Сигарев, а во режија на Ненад Витанов. Приказната зборува за двајца сопружници што дошле до критична точка, да мора да побараат стручна помош од психијатар. Доколку тоа се случи во реалниот живот тогаш почнува трагедијата. Во театарот таквата ситуација раѓа комедија

 На 3-ти април петок гостува Штипскиот театар. Претстава Лулка во режија на Андреј Цветановски. Претставата е сплет од неколку народни приказни од Марко Цепенков, но и од богатата културна ризница со која располага Македонија.

Еден од најубавите текстови за деца и возрасни, за храбрите подвизи на бестрашниот капетан Џон Пиплфокс, кој со неговата гусарска дружина тргнува да се бори против седмоглавото чудовиште за да го спаси светот, е напишана од легендарниот Душко Радовиќ, младата велешка публика ќе го види на 8-ми април, среда во 12ч. со гостувањето на Драмски театар од Скопје.

 Вечерта Драмски ќе ја одигра ,, „ЖИВОТ ВО ТЕСНИ ЧЕВЛИ“,,. Работена по текст на Душан Ковачевич и режија на Ненад Витанов.  Претстава говори за еден сегмент од нашето живеење, за група стечајни работници кои во транзицијата ги изгубиле работните места, но не се откажуваат и се обидуваат по секоја цена да се изборат за сопствените права. Во „Живот во тесни чевли“ играат Драган Спасов-Дац, Марија Кондовска, Ѓокица Лукаревски, Ванчо Петрушевски, Душица Стојановска, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Зоран Љутков.

Од 15-ти до 18-ти со три претстави гостува меѓународниот танц фестивал ,,Танц фест,,.  На 15 април среда, е „Танцлаб“ Интернационален натпревар за млади кореографи,  Следниот ден 16 април  четврток, Гала вечер на „Танцлаб“ Премиера на „Амбивалентност“, 20ч. Кореографија: Валентино Апостоловски а Режија: Хана Миленковска, На 17 април,  петок, е „СИТЕ МОИ СЛИКИ“ Скопје танцов театар Кореографија и режија: Рисима Рисимкин.

На 18 април, сабота е гостувањето на Турската драма со  претставата „Сон на летната ноќ” од Шекспир, во режија на Александар Поповски.Претставата ќе има превод и титл а публиката ја доживеа како ,,магична,,.

,,Каренина made in Macedonia“ од Венко Андоновски е претстава што на 21 април ќе се одигра на сцената на велешкиот театар а гостува Битолскиот.  Режијата е  на Дејан Пројковски и станува збор за голем театарски спектакл, праизведба на нов текст, Каренина всушност е македонскиот Хамлет, тивок ветер кој пробува да се спротивстави на сите предрасуди во системот, таа се бори и сама со себе бидејќи сите големи прашања и одговори ги бара на две места, едното во општеството и другото во себе, во своето срце,.

 За крајот на месецот на 28-ми април е спектаклот од Кина  „KUNG FU DANCE GATAWAY“, на Кунг Фу современа танцова компанија, Пекинг, Кина.

Претставите почнуваат од 20ч. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »