Петар Печков
Објавено: четврток, 18 септември 2014
Навивачите на германски Баерн од Минхен, од Велес го започнаа дружењето и патот кон новата европска титула на нивниот миленик. Во кафе бар Чао вчеравечер, среда,, се собраа стотина навивачи од повеќе градови од земјава, за да се дружат и пред се навиваат за германскиот шампион Баерн. Тој победи, тешко и скромно со 1:0 против Манчестер Сити.
Имаме официјален собир на навивачите на германски Барен во Велес. Имаме гости од 10-тина града, тука во Велес, бидејќи е центар и најлесно да се допатува овде од различни градови, на сите им е близу. Потоа ќе одиме и во други градови. Очекувам лесна победа, но долг е патот до Берлин за финалето – вели Ѓоре Димитриевски или Ѓоре Швајштангер.
Од толку фудбалски тимови во Европа и Германија, тие се решиле за Баерн, ,, оти бил најдобар на свет,,.
Tweet |