речник контакт

Македонските фудбалски ѕвезди (ветерани) против велешките колеги (фото)

Натпреварот беше со хуманитарна цел

Петар Печков

Некогашните македонски фудбалски  асови на Градскиов стадион одиграа натпревар против нивните велешки колеги.

Средбата беше со хуманитарна цел, но и популаризација на најважната споредна работа на светот. За таа цел дојде и музичката ѕвезда Даниел Кајмакоски кој играше и дел  од натпреварот. Рече дека фудбал играл од мали нозе, па тоа што го знаеше, го покажа пред велешани.

Натпреварот имаше и  хуманитарна нишка, се собираа доброволни прилози а собраните средства се за Здружението на лица со церебрална парализа. Патем натпреварот заврши со резултат 4:3 за македонските фудбалски ветерани...

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »