речник контакт

Македонците најмногу гледаат вести

Во земјава најмногу се гледа вести на телевизија, а се слуша музика на радио, покажало истражувањето за програмските потреби на публиката на електронските медиуми во Македонија. Опфатени се 1.700 испитаници, а од нив 1/3 е задоволна од понудената програма и на двата медиуми.

Аница Солева

Во земјава најмногу се гледа вести на телевизија, а се слуша музика на радио, покажало истражувањето за програмските потреби на публиката на електронските медиуми во Македонија. Опфатени се 1.700 испитаници, а од нив 1/3 е задоволна од понудената програма и на двата медиуми. Половина од испитаниците подеднакво гледа и национални и локални тв станици. Најгледани се вестите со дури 22%. По нив доаѓаат забавните програми и на крај спортските содржини. Од испитаниците, 1/5 се љубители на филмот. Но, за разлика од верувањето дека кај нас се гледаат многу серии, истражувањето покажало дека дури 31% од испитаниците воопшто не гледа сериски филмови. Од гледачите на овој тип на програма, 24% преферираат комедии, 17% сапуници, а 12% криминалистички серии. Секој трет е задоволен од понудената програма, но сепак, недостасуваат филмови, документарци и образовни програми, велат испитаниците. Ова истражување покажало дека само 0,5% од анкетираните не гледаат телевизија. Од испитаниците, пак, 43%, на радио најповеќе слушаат музика, а за вести заинтересирани биле само 7%. Најповолен период за слушање радио е од 10 до 13 часот, а најмалку слушатели радиото има во периодот од 13 до 16 часот. Она што недостасува во радио програмата се музичките емисии, велат испитаниците. Податоците од истражување, спроведено од Центарот за развој на медиуми, Институтот за меѓународни работи и Фондацијата „Институт отворено општество“, треба да се искористат во изработката на стратегија за развој на радиодифузната дејност, која треба да се донесе во наредните 24 месеци. Извор: [url=www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=59032]А1[/url]

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »