речник контакт

Македонците најмногу летаат за Истанбул, Цирих и Виена

За првите 8 месеци од годинава на двата македонски аеродроми имало 10 отсто повеќе патници

Петар Печков

Бројот на патници кои биле превезени од двата аеродроми, во Скопје и Охрид, во првите осум месеци од годинава се зголемил за 10,5 отсто во споредба со минатата година. Вкупно, од земјава со авион се превезувале 1.339.065 патници, соопштија од Министерството за транспорт и врски. Најголем број од патниците патувале кон Истанбул (12,5 проценти), Цирих (9 проценти), Виена (6,6 проценти) и Базел (5,1 проценти).

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот од јануари – август 2017 година регистрирани се вкупно 1.223.630 патници што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезени 1 108 157 патници, се забележува зголемување од 10,4 отсто - велат од Министерството за транспорт и врски.

Од „Св. Апостол Павле“ во Охрид, пак, превезени се 115.435 патници, што во споредба со истиот период од 2016 година кога биле превезени 113.431 патници, се бележи зголемување од 11, 6 отсто.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »