Петар Печков
Објавено: недела, 22 ноември 2020
Македонците од Хрватска и градот Самобор- од Република Хрватска, ја одбележаа годишнината од печатењето на збирката ,,Бели мугри, на Коста Солев. Годинава скромно, според протоколите за заштита од ковид заразата, но сепак достојно за овој значаен ден од македонската понова историја.
Беседа за делото на Коста Солев, во Самобор, во дворот на тамошниот музеј, имаше Горан Коров, потпретседател на Заедницата на Македонците во Хрватска и универзитетски професор. на Филолошкиот факултет во Загреб.
Рацин имаше период на изолација, од неговите најблиски, од истомислениците, соборците, во времето од 1940-та до 1942-ра кога и му било најтешко. Потешко откога бил и во затвор - кажа Коров пред бистата на поетот во Самобор. Одбележувањето на издавањето на стихозбирката беше порано, поради обврските на Македонците во Хрватска, оти среда 25-ти ноември е работен ден.
Издавањето на стихозбирката „Бели мугри“ е крупен настан за македонската историја. Во неа се отпечатени ,,Ленка,, ,,Денови,, ,,Тутуноберачите,, ,,Печал,, ,,Копачите,, и уште седум други песни. Книгата е отпечатена на 25 ноември 1939-та година.
Оваа врска помеѓу Самобор, каде е издадена книгата со помош на Драгутин Шпулер во четири илјади примероци и Велес, родниот град на Рацин ги спои двата града во блиска врска. Самобор во чест на Велес именува мост по негово име и постави биста во кругот на Градскиот музеј.
Tweet |