речник контакт

Македонците паднаа во депресија, па сега ќе ја откриваат и спречуваат матичните

Во земјава е регистрирана зголемена депресија а како нејзина последица и зголемено користење на антидепресивите.Кај најмладите, децата пак ќе се превенира зголемен крвен притисок кој е во пораст. Ова се нови обврски на матичните лекари

Петар Печков

 Кај сите возрасни групи во земјава од младата, преку средната до највозрасната е регистрирана зголемена депресија а како нејзина последица и зголемено користење на натидепресивите. Затоа како новина Фондот и Министерството за здравство го прифатија барањето на матичните лекари, тие  рано  да  откриваат и  спречуваат  депресија.

Кај најмладите, децата  пак ќе превенираат  зголемен крвен притисок кај децата кој е во пораст. Затоа  примарното здравство   ќе ги отстапи систематски преглед кај бебиња, рамното стапало кај децата , деформитет на `рбетен столб кои остануваат во јавното здравство. Оваа новина  во превенцијата во примарното здравство ќе стартува од следната година и за неа  се договорија на вчерашната (денес) средба приватните лекари, Министерството за здравство и Фондот за здравство.

Според патологијата на болестите и статистиката се менуваат целите. Депресијата е нова појава која во Македонија која ја има кај возрасната и средната популација. Таа  се рефлектира со прекумерно користење лекови и преку посета на специјализирани здравствени институции. Се договоривме со матичните  лекари да дадеме приоритет на едукацијата за депресијата. Важна е и контролата на препишување на антибиотиците  и антидепресивите како терапија. Се согласивме со матичните лекари да воведеме превентивни прегледи и за бубрежна слабост на возрасните,  рано откривање на дијабетот, за  навремено откривање на хипертензијата кај децата што е нова појава  – вели Маја Парнаџиева Змејкова директор на Фондот за здравство кој освен капитацијата   на приватните лекари месечно   им плаќа  плус 30 отсто  за  14 превентивни прегледи.

Надополнување на програмата за превенција, на прегледите кои ги прават матичните лекари  е со цел елиминација на тие што се поклопуваат со јавното здравство. Прегледите кои се вршат кај матични лекари како  систематски преглед кај бебиња, рамно стапало, деформитет на `рбетен столб одат во јавното здравство бидејќи истите се преклопуваат  со превентивните тимови кои функционираат во Здравствените домови.

Овие промени ги воведуваме врз основа на приоритетните болести  и оптовареноста со болести во државата.  Увидовме дека депресијата прави проблем  кај младите и затоа ја воведовме кај матичните лекари за да се елиминира,  или таа да се  спречи -   рече д-р Јованка Костовска  од Министерството за здравство.

На оваа тројна  средба  со Министерството за здравство, Фондот за здравство се разговарало само за превенцијата, па приватните доктори не можеа да ги постават прашањата за   проблемите  со кои тие се судруваат во секојдневната работа а се од административен карактер.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »