речник контакт

Максим Ацевски избран за главен државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас ,,за,, и со аплауз го избраа Ацевски

Петар Печков

Собранието на денешната седница го избра Максим Ацевски за главен државен ревизор, на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Одкуката за изборот на Ацевски беше донесена едногласно со 81 глас „за“. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а тој даде свечена заклетва пред нив. 

Ацевски е дипломиран економист од Велес. Во Државниот завод за ревизија е од 2001 година до денес. Често пати во медиумските настапи зборувал за потребата од зајакнување на капацитетите на Државниот завод за ревизија, но и за односот на надлежните институции кон неправилностите што ги регистрираат ревизорите.

Државната ревизија речиси две години беше без главен ревизор, а мандатот на вршителот на должноста истече на 5 октомври.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »