Петар Печков
Објавено: петок, 17 септември 2021
Мал е бројот на ученици во велешко кои се позитивни на ковид-19 или се во изолација. Од 6.550 ученика во велешките основни и средни училишта, има десет ученици позитивни а во изолација се 42.
Ова на прес конференција го соопшти градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски. Од работа отсуствуваат пет наставници, еден од основното и четворица од средното образование, бидејќи се позитивни на корона вирусот а шест се во изолација.
„Податоците се однесуваат заклучно со вчера до 15 ч. Има три ученика во основното и седум во средното кои се позитивни, и 24 ученици се во изолација во основното и 18 во средното образование. Нема позитивни случаи во јавните установи, основани од Општина Велес, библиотеката, музејот, противпожарна единица, во детските градинки, во средношколскиот дом, нема ниту во изолација, има еден позитивен случај во ЈКП Дервен“ - кажа градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција.
Tweet |