речник контакт

Мала е бројката на откриена нелегално исечена дрвна маса во велешко лани

Мала е бројката за бесправна сеча во подрачјето на СВР Велес лани

Петар Печков

Само 21 кубик огревно дрво е откриено како нелегална сеча во велешко ланска година. Оваа бројка наспроти таа  за нелегалната сеча од 2019-та дека е 1,6 илјади кубици во велешко даваат слика дека со двокраците не се постапува. За ова реагираше Игор Смилев на седницата на Советот а по разгледувањето на годишниот извештај за работата на ПС Велес.   

„Мала е бројката за бесправна сеча во подрачјето на СВР Велес. Од нова година наваму бројките се драстично зголемени, ќе видите во полугодишниот извештај. Немаме теренско возило и затоа контролите се прават во близина на складиштата. Тогаш е веќе доцна, оти има разработено канали и дрвото пресечено во велешко, завршува преку планина, се пренесува  во скопско“ кажа Костов.

Како локации каде најмногу во велешко диво се сече шумата се посочуваат околината на село Степанци, околината на селата Горно и Долно Јаболчиште и околината на село Карабуниште.

Според  истражувањето на  Центарот за европски стратегии – Евротинк во  2019 бесправно исечени, од шумите во велешко се  1.615м3 дрво.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »