речник контакт

Малку доктори, многу интервенции и сообраќајки

Летово екипите на велешката Брза помош за два месеци имаа преку пет илјади прегледи, педесет сообраќајки

Петар Печков

Ова лето екипите на Итната медицинска  помош не можеа да здивнат од многуте интервенции. Во јули и август имале повеќе од пет илјади прегледи и домашни посети, додека за овие два месеци дале повеќе од седум  и п пол илјади инјекции. Згора на тоа морале само овој период да интервенираат во повеќе од педесет сообраќајки на подрачје со радиус од стотина километри. 

Летово имавме двојно повеќе работа отколку во претходните месеци. Приватните доктори се на одмор, дел од нивните пациенти доаѓаат кај нас. Минатиот месец, јули имавме седумстотини домашни посети и повеќе од две илјади прегледи во амбулантата. Ова е огромна работа, ако се земе предвид дека имавме намален персонал и се тоа е реализирано со само осум доктори, оти  дел од нив одеа на одмор. И тоа поради ваквата состојба користеа само по десетина дена. Нас и така ни недостигаат тројца доктори. Затоа можам да кажам дека летово бевме во исклучителна  состојба – вели  д-р Владо Хаџи Наумов Началник на Брзата помош. 

Освен намалениот број на доктори, тие се судруваат и со мал  квалитетен возен парк. Имаат само едно ново возило, набавено од сопствени средства, додека останатите се стари по петнаесет и повеќе години. Велешката Брза помош интервенира во радиус од стотина километри, до Горно Јаболчиште – општина Чашка, Подлес – општина Градско. Кај сообраќајките, кои ова лето ги имало околу педесетина, тие покриваат терен до тунелите кај Петровец , до крстосницата  кај Свети Николе и до крстосницата за излез од автопат кај Градско.

Ова е голема територија што реално ни создаваше главоболки.  Голем терен и ако замине екипа  до Јаболчиште, три –четири часа работиме во амбуланта само со еден доктор. Што ако во меѓувреме се случи друга, или се побара повик за домашна посета. Како да се постапи кога лекар мора да има во Брзата помош. А нас тоа често ни се случуваше летово. Затоа од дома ги повикувавме докторите на помош  – констатира д-р Хаџи Наумов.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »