речник контакт

Малку познати факти за Нобеловата награда

Кој ја одбил оваа нагрда, кој е најстариот а кој најмладиот добитник, има ли добитници од исто семејство...

Петар Печков

Нобеловата награда постои благодарение на шведскиот научник и индустријалец Алфред Нобел, кој сакал од неговиот фонд секоја година да се издвојуваат пари за придонес за човештвото.

Во Париз во 1895 година пред својата смрт, Нобел во својот тестамент напишал желба да се основа Нобелов фонд од кој би се доделувале награди на најзаслужните.

Фондот изнесувал околу 31,5 милиони шведски круни, што денес би имало вредност од околу 1,5 милијарди круни (175 милиони евра). Од каматата на таа сума секоја година се издвојуваат пари за тие кои најмногу придонеле за човештвото.

Според желбата на Нобел, награди се доделуваат во повеќе различни дисциплини за достигнувања во областа на физиката, хемијата, книжевноста, како и за достигнувања во областа на мирот.

Алфред Нобел (1883-1896) одредил институции, кои ќе ги доделуваат наградите секоја година меѓу кои се Шведската академија за книжевност, Институтот Каролинска за медицина, Шведската кралска академија за физика и хемија, како и Комисијата за мир која специјално ја бира норвешкиот парламент.

По повод својата 300-та годишнина, Централната банка на Шведска во 1969 година основа Нобелова награда за економија.

Нобеловата награда од 1901 до 2012 година ја добиле 838 луѓе, на просечна возраст од 59 години и 24 организации. Еве одговор на некои прашања поврзани за оваа престижна награда, како кој е најстар добитник на Нобелова награда, кој најмлад, колку жени ја добиле.

Нобелов рекорд

Рекорден број на номинации за Нобелова награда за мир имало во 2013 година кога биле предложени 259 кандидати, меѓу кои и 50 организации. Освен имињата на добитниците, нивните имиња ќе бидат откриени за 50 години.

Oдбивање на Нобеловата награда

Двајца добитници ги одбиле своите награди: Французинот Жан Пол Сартр за награда за книжевност во 1964 година и виетнамскиот премиер Ле Дук То, кој одбил да ја дели наградата во 1973 година со државниот секретар на САД, Хенри Кисинџер.

Покрај тоа, Адолф Хитлер на тројца германски добитници им забранил да ја примат наградата – Рихард Кун (хемија 1938), Адолг Бутенанд (хемија 1939) и Герхард Домагк (медицина 1939), а советската Влада го натерала Борис Пастернак да ја одбие наградата за книжевност во 1958 година.

Добитници на Нобелова награда за мир во затвор

Тројца добитници на оваа награда биле во затвор во моментот кога било објавено дека им е доделена – германскиот пацифист и новинар Карл фон Осјецки (1935), опозиционерката на Мјанмар Аунг Сан Су Ќи (1991), кинескиот дисидент Лоу Сјаобо (2010). Аунг Сан Су Ќи отиде на 16 јуни во 2012 година во Осло каде конечно можеше да одржи говор и да ја прифати наградата, по 20 години откако и беше доделена.

Најстар Нобеловец

Најстар добитник на Нобеловате награда е Американецот со руско потекло Леонид Хурвиц, кој го добил прознанието за економија во 2007 година на 90-годишна возраст. Тој починал во јуни во 2008 година, само неколку месеци откако му била доделена наградата.

Меѓу жените најстара добитничка е британската писателка Дорис Лесинг, која исто така во 2007 година на 87 години ја добила Нобеловата награда за книжевност.

Наjмлад Нобеловец

Најмлад добитник на Нобелова награда е Британецот Лоренс Браг, кој на 25-годишна возраст ја добил наградата за физика во 1915 година, делејќи ја својот татко Вилијам.

Нобелова награда во исто семејство

Историјата на француското семејство Кири тесно е поврзана со Нобеловата награда: двојката Пјер и Марија Кири во 1903 година добиле награда за физика; 1911 година Марија Кири родена Склодовска, е прва жена која добила Нобелова награда, но за хемија. Со тоа станала единствена жена која има две Нобелови награди.

Во 1935 година нејзината ќерка Ирен Жолио-Кири и нејзиниот сопруг Фредерик Жолио, добиле награда за хемија. Помладата сестра на Ирен, Ив Кири се омажила за Хенри Ричардсон Лабуис кој како директор на УНИЦЕФ во име на оваа агенција во ОН ја добил Нобелова награда за мир во 1965 година.

Нобеловата награда и жените

Нобелова награда добиле 44 жени, вклучувајќи ја Марија Кири, откако е основана во 1901 година. Од дрига страна награда добиле 795 мажи. Се чекало до 2009 година Нобеловата награда за економија да се додели на една жена, Американката Елинор Остро. Награда за физика добиле само две жени досега, во однос на 191 маж, а на жена таа награда не е доделена од 1963 година.

Јазиците на Нобеловата награда

Англискиот е на прво место како јазик на кој се пишувани книгите кои добиле награда за книжевност, со 26 добитници, следат францускиот и германскиот (13), шпански (11), шведски (7), италијански (6), руски (5), полски (4), норвешки и дански (3), грчки и јапонски (2), српски (1), а претставени се и арапскиот, кинескиот и дури и окситанскиот.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »