Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 април 2023
Една од темните точки во централното градско подрачје е неосветленото Мало мовче. Зошто состојбата со него е таква, праша на седницата како советничко прашање нејзиниот член Игор Смилев.
Одговорот од градоначалникот Марко Колев, беше дека тие преземат се за да работи светлото, но неодговорни граѓани го оштетуваат.
„Неколку пати го имаме менувани светлото, канделабрите. По некој ден, некое време, ги нема оштетени се, искршени. Претпоставувам дека на него нема таква фреквенција, како на другите мостови, некои неодговорни сограѓани ги оштетуваат јавните инсталации. Ги поправаме, но по ден, два пак се искршени, оштетени“ - кажа градоначалникот Колев.
Но освен што светилките и канделабрите се оштетени, се крадат и каблите. Иако тоа е опасно по живот, некои вешто го прават и ја оштетуваат инсталацијата.
Tweet |