речник контакт

Малолетник кој управувал автомобил удрил во моторист во Иванковци

Повредениот се здобил со тешка телесна повреда, по дадена здравствена помош е пуштен на домашно лекување

Петар Печков

Вчера, понеделник попладне, во село Иванковци се случила сообраќајна незгода, кога автомобил, управуван од малолетник, удрил во мотирист, кој се здобил со тешки телесни повреди. Детали од информацијата на велешката полиција и велешката болница.

„На 24 јуни  во 17.50 часот во СВР Велес, било пријавено дека на ул.Партизанска во село Иванковци, велешко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило фолксваген голф со велешки регистарски ознаки, управувано од малолетник и мотоцикл управуван од Ѓ.Д.(33 год), двајцата од село Иванковци, велешко“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Велес.

„Вчера попладне, нешто по 18ч. е донесен пациент, со повреди здобиени како последица на сообраќајна незгода.  Прифатен е од медицинската екипа во ургентната единица,упатен на оддел за радиодијагностика каде се направени радиографски прегледи на колено,подколеница и стопало,како и компјутерска томографија на лева нога. На пациентот му е направена сутура од страна на доктор трауматолог и по згрижување на повредите е пуштен на домашно лекување“- соопшти Марина Андова, портпарол на Општа болнцаи Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес, која треба да ги открие причините за сообраќајната незгода.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »