Петар Печков
Објавено: вторник, 12 јули 2011
Велешката полиција ги идентификува напаѓачите кои изминатиот викенд со нож прободеа две момчиња во дворот на ОУ Васил Главинов.
Против сите нив се поднесени кривични пријави а напаѓачот кој ги прободе момчињата е малолетник. Е.Џ. (15) , заедно со Е.Ш. (23) , С.М. (27) сите тројца од село Согле и М.З. (18) од село Теово кои се осомничени дека без повод и причина ги нападнале момчињата. Против истите ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело, за прво пријавениот Е.Џ. заработи кривична пријава за тешка телесна повреда а неговите другари Е.Ш. С.М. и М.З за учество во тепачка каде настапила тешка телесна повреда.
Нападот бил изведен без повод и причина, откако критичната ноќ петокот, околу 01,40 часот по полноќ осомничените заедно со уште неколку други лица се движеле со патнички автомобил и сопреле во близина на училиштето. Таму започнале меѓусебна расправија, за да потоа без никаков повод и причина започнат вербална расправија со оштетените, кои седеле во училишниот двор, по што, осомничените ја прескокнале оградата и физички ги нападнале оштетените, удирајќи ги со раце и нозе во пределот на главите и телата.
Во еден момент прво осомничениот Е.Џ. брат на девојката која пред три месеци си го одзеде животот со службен полициски пиштол, со ладно оружје - нож ги нападнал оштетените В.П и Д.З. при што со нож ги прободел во пределот на грбот,а вториот од ќотекот добил и скршеница на клучната коска. Сторителот Е.Џ. избегал а ножот според негови зборови го фрлил во Вардар.
Tweet |