речник контакт

Малолетник од Кавадарци копирал сметки од банкарска картичка и трошел пари од нив

Детето тоа го сторило во два наврати и присвоило 12 илјади денари

Петар Печков

ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе писмено известување за 17-годишник од Кавадарци поради постоење на основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“, казниво по член 251 од Кривичниот законик.

„На 23 јануари  во соблекувална на сала за вежбање во Кавадарци ги сликал банкарските картички на 45-годишник од Кавадарци, по што во својот дом извршил повеќе трансакции и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 8948 денари. Исто така, на 26.01.2024 на истиот начин оштетил и 42-годишен жител на Кавадарци и со повеќе направени трансакции се стекнал со противправна имотна корист од 3.300 денари“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол нa СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »