речник контакт

Малолетник со скршеници по пад од мотор

Инцидентот се случил на ул. Димитар Влахов

Петар Печков

Претпладнево дете, кое нема 18 години паднало од мотор, при што се здобило со тешки телесни повреди. Малолетникот паднал од неговиот мотор на ул. Димитар Влахов во 9.20 ч. Полицијата ја потврди оваа информација.

„Во 9,07 примен повик за повредено дете при пад од мотор, настан кој се случил кај Железен мост. Извршен  преглед, има повреда на глава и лакот. Дадена прва помош и пренесен на ортопедија“ - кажа д-р Василка Пановска, началник на службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

„Околу 9,40ч. донесен е малолетник, дадена му е неопходна здравствена нега. Извршени се сите радиодијагностички претраги и констатирано е дека има политраума на надлактица. Оставен е  на одделение за ортопедија на посматрање, по што ќе се одлучи за натамошниот третман“ – кажа Марина Андова, портпарол на Општа болница Велес.

фото илустрација интернет

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »