речник контакт

Малолетник ја застрела мајка си, во Градско

Убиството се случило во петокот навечер, од ловџиска пушка

Петар Печков

 Седумнаесет годишниот син смртно ја застрелал неговата мајка Ѓулузера Мусева (51 год) од ловџиска пушка. Настанот се случил во петокот навечер во семејната куќа  на улица Маршал Тито бр.34. во центарот на Градско.   

Околу 21 часот  малолетник од Градско,  син на сега починатата, од дневната соба ја зел ловната пушка калибар 12мм. која неговиот татко ја поседувал со дозвола, и во еден момент испукал еден истрел во пределот на вратот на неговата мајка. Таа починала на лице место - изјави Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Малолетникот  веднаш отишол до блиската кафеана, која татко му ја држел, раскажал што се случило. Случајот бил пријавен во полиција, сторителот веднаш приведен и задржан во просториите на СВР Велес. Против него е  поднесена кривична  за убиство, а судија во претходна постапка му изрекол 30 дневен притвор по барање на јавен обвинител. Причина е можното влијание врз сведоците, двете лица, негови другари кои биле присутни во моментот кога е застрелана  Ѓулизера Мусева

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е  пренесено во Институтот за судска медицина, заради вршење обдукција. Жителите на Градско изненадени од убиството, некои дознале дури следниот ден  напладне. Соседите не слушнале истрел.

Бев дома, живеам во куќата до нив. Не слушнав ништо, подоцна кога дојде полиција дознавме дека е убиена мајката. Таа беше домаќинка жена, не работеше никаде, синот учеше  средна во Неготино.   Не сме слушнале дека имале некакви проблеми дома, а како било кај нив тие си знаат - вели сосед.  

Ѓулизара имале пет деца, една ќерка мажена и живеела во Германија, и четири сина, едниот женет и живеел во Неготино. Во моментот кога се случило убиството дома бил и најмладиот син, но тој не бил в о собата,спиел во друга, додека постариот брат бил отсутен.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »