речник контакт

Малолетници по полноќ тераат ноќен живот

Водат ли грижа родителите, каде се нивните малолетни деца навечер?

Петар Печков

При контрола на велешката полиција изминатиот викенд на неколку кафитерии и ноќни барови не нашла во нив малолетници, но ги имало во забавни клубови, играчници.

 СВР Велес при контролите констатирала два прекршок присуство на малолетни лица во угостителски објекти после 24,00 час. , односно  во забавниот клуб „Фајт Клуб“ при контролата затекнати се  три малолетни лица, а во забавниот клуб „ТП Роџер“ при контролата затекнати се шест малолетни лица.

Секторот за внатрешни работи Велес до Основен суд Велес ќе поднесе Барање за поведување прекршочна постапка против правното лице како и одговорните лица во правното лице Д.К. (38) од Велес и Г.Т. (39) од Велес, поради констатиран прекршок- овозможување присуство на малолетни лица во угостителски објекти после 24,00час.

Ова е полициската информација, но се отвара темата за грижата на родителите, каде се нивните деца по полноќ, водат ли тие грижа, настрана од законот кој не дозволува по полноќ тие да се движат без родителска придружба. При една ваква акција, минатата година, кога биле пронајдени малолетници во кафитерии, истите биле однесени во полициска станица и идентификувани.

По ова биле повикани телефонски родителите да дојдат да ги земат нивните деца. Интересни биле одговорите што родителите ги двале, пуштете го па и сам знае да си додје дома, шо и ваков ли Закон има, за ова ли ме будите.. Ова е илустрација за тоа колку одредени родители знаат и се грижат каде се нивните малолетни деца во текот на ноќта.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »