речник контакт

Малолетници после полноќ во угостителски локал, служени со алкохол

Пет деца биле во угостителски објкет после полноќ

Петар Печков

Велешката полиција ноќеска на преминот од сабота во недела, контролирала дали малолетници има во угостителски локали и дали се служени со алкохол. 

„На 14/15.02.2026 во Велес, во периодот од 23:00 до 01:00 часот, полициски службеници од СВР Велес извршиле акциска контрола на три угостителски објекти за присуство на малолетници во угостителки објекти после 24:00 часот и за точење на алкохол на малолетници. Притоа, во еден угостителски објект биле затекнати две малолетни лица кои биле послужени со алкохол, а на пет малолетници им било овозможено присуство во угостителскиот објект после 24:00 часот“ – информира Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол нa СВР Велес.

Извршен бил службен разговор со вработена во угостителскиот објект, а малолетниците биле предадени на нивните родители. 

По целосно документирање на случаите, полицијата  ќе  поднесе соодветни пријави.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »