речник контакт

Малолетничката која обвини дека е тепана и силувана ја повлекла пријавата, полицијата ќе поднесе пријава против неа

Уште едно лажно пријавување за сторено кривично дело силување

Петар Печков

Малолетната штитеничка, која избега од дом од Скопје,  и пријави дека била тепана и силувана во Велес, саботата вечер 18-ти септември, околу 23 ч. во месноста Дворови, од две 20 годишници од Велес, ја повлекла изјавата, со која ги обвини двете момчиња. За ова соопштија од велешката полиција.

„Во врска со случајот со пријава за обљуба врз малолетничка-штитеничка на ЈУМЦСР-град Скопје од страна на неколку лица на 18-ти септември, ја известуваме јавноста дека малолетничката во полициска станица изјави дека лажно ги пријавила лицата и дека не и била извршена обљуба. По документирање на случајот против малолетничката ќе биде изготвен соодветен поднесок за лажно пријавување“ - кажа Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

А дека во настанот  има многу сомнителни и нејасни работи беше информацијата од СВР Велес, дека веднаш по пријавата од малолетничката,  двете лица кои се посочени дека се сторители, биле повикани на разговор и биле пуштени дома.

ТрМр за овој настан не информираше, а водејќи се од  некои други слични претходно, кога сторителот пријавува а по спроведената истрага, се констатира дека тоа било лажно.  Така ќе постапува и во иднина, оти секој може да наведе дека некој сторил кривично дело, но спроведената истрага треба да го даде одговорот дали е така.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »