Петар Печков
Објавено: четврток, 07 јули 2022
Во Пустец- Албанија заврши 15-то издание на фестивалот Македонско културно лето во Албанија.
Меѓу наградените се и двајца велешки актери.
Жарко Спасовски за најдобар млад актер и Славица Манаскова наградата за најдобра млада актерка заедно со Жаклина Петровска Милјановска, во Анатомија на неверството од Театар Комедија.
Спасовски и Манаскова беа дел од актерите во претставата за „Орест", на велешки театар.
За најдобра претстава на фестивалот е прогласена „Кармен" на Драмски театар Скопје, а најдобра режија на Дејан Пројковски, за истата претстава.
Актерите од велешки театар и летово продолжуваат со настапи, по гостувањето во Пустец и на фестивалот Гола Месечина во Скопје, велешките актери со преставата „Синиот портокал“ се во официјалната конкуренција на фестивалот „Актерот на Европа“.
Tweet |